Дводневен штрајк на таксистите во Атина

Таксистите во областа Атика, поширокиот регион на Атина во 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз.

Таксистите во областа Атика, поширокиот регион на Атина во 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) кои реагираат за министерската одлука со која им се дозволува на приватни комбиња да пренесуваат патници, но и одлуката од 1 јануари 2026 година такси возилата задолжително да бидат електрични.

Велат дека не постои реален план за премин од обични кон електрични автомобили и „оваа одлука е катастрофа за секторот“, паралелно барајќи примената да се префрли за 2035 година.

Дополнително ги истакнуваат и останатите нивни барања како што се: поддршка на професионалните такси возачи; ставање крај на дигиталните платформи за такси превоз; дозвола за движење во автобуските ленти итн.

Штрајкот на таксистите ќе заврши в петок во 6 часот наутро.