УНИЦЕФ соопшти дека речиси две третини од децата во Украина ги напуштиле своите домови од почетокот на рускиот напад на земјата, на 24. Февруари годинава. Обединетите нации утврдија дека оттогаш 142 деца загинале, иако, реалната бројка е сигурно поголема.
Мануел Фонтејн – директорот на УНИЦЕФ по враќањето од Украина изјави дека за 31 година од својата хуманитарна работа, не видел толку многу деца толку брзо да бидат раселени.
„Беа принудени да остават сè зад себе – своите домови, училиштата, а често и членови од своето семејство“ рече Фонтејн при обраќањето до Советот за безбедност на ОН.
Нагласи дека 4.8 од вкупно 7.5 милиони украински деца, се раселени.
Прецизираше дека 2.8 милиони деца се раселени внатре, во Украина, а
Според него, најлоша е ситуацијата во опколениот град Мариупол.