Две тела пронајдени во запален стан во Нови Сад

Две тела се пронајдени во опожарен стан во центарот на Нови Сад.

Како што дознава српски Курир, пожарникарите гасејќи го пожарот пронашле тела на двајца мажи, од кои едното имало 19 години.

Пожарот избувнал на поткровјето на зградата. Противпожарната, полицијата и екипите на брзата помош се уште се на терен.

Брза помош укажувала на помош на уште едно лице.

Според очевидци, чад извирал на сите страни, а пожарникарите успеале да го локализираат пожарот.

Како што раскажуваат соседите за Курир, виделе како млад човек влегува во станот каде што избувнал пожарот.

Оттаму додаваат дека пожарот го пријавил доставувач на храна. Според нив, тој го видел чадот пред да избувне пожарот и веднаш ги повикал пожарникарите кои брзо дошле и ја скршиле вратата од станот.

За жал, двајцата мажи не можеле да се спасат.

Причината за нивната смрт ќе се утврдува подоцна.