
Поставени се наменски контејнери на повеќе локации во Центар за лесно и бесплатно одлагање на кабаст отпад и градежен шут, со цел да се спречи создавање на мини депонии и да се воспостави ред во јавниот простор.
Големите контејнери се поставени на ул. „Загребска“ кај КТК, „Борка Талевски“ кај „Вучко“ и „Антонио Грубишиќ“ кај кружниот тек во Дебар Маало, а помалите на „Киро Крстевски – Платник“, „Мирче Ацев“ (Пролет), „Кочо Рацин“ (Зелен пазар) и „Васил Ѓоргов“ во Капиштец.
Контејнерите ќе останат најмалку две недели и ќе се празнат редовно, а по потреба ќе бидат преместувани на други локации.