Две лица се полесно повредени во земјотрес во Јапонија

Две жени се полесно повредени во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што ги погоди префектурите Ивате и Аомори во северна Јапонија.

Жена на возраст од седумдесет години е пренесена во болница откако паднала од кревет и го повредила зглобот, а жена на возраст од осумдесет години при падот се здобила со повреди на главата.

Епицентарот на земјотресот бил во северната префектура Ивате, на длабочина од околу 71 километар, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Агенцијата предупреди дека земјотреси со слична јачина може да се повторат во следната недела, пренесува Танјуг.