Две лица загинаа во директен судир на два автобуси во Србија

Според српски медиуми, станува збор за автобус на компанијата „Ласта“ кој се движел од правец на Белград кон Умка и автобусот на компанијата „Севиќ“ кој сообраќал од Умка кон Белград.

Две лица загинаа во директен судир на два автобуси кај Умка, приградска населба во Белград, јавува РТС. Несреќата се случила околу 6 часот и 20 минути на таканаречениот Обреновачки пат кај местото Умка.

На местото на настанот излегле екипи на сообраќајната полиција, како и шест екипи на Брза помош.

Според српски медиуми, станува збор за автобус на компанијата „Ласта“ кој се движел од правец на Белград кон Умка и автобусот на компанијата „Севиќ“ кој сообраќал од Умка кон Белград.

Се уште не е познат точниот број на повредени.

Првичните информации говореа дека се повредени десет лица, но некои медиуми јавуваат дека има повеќе од 15 повредени. Оваа информација засега не е официјално потврдена.

Сообраќајот е во прекин, во двата правци.