Две деца загинаа во железничка несреќа во Србија

Во страшна сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 12:45 часот во место кај српскиот град Лазаревац, загинаа две деца, како и уште еден возрасен, додека лекарите се борат за животот на таткото на децата.

Како што дознава српски Курир, воз кој сообраќал на релација Пријепоље – Белград удрил во автомобил во кој биле таткото и две деца, како и уште еден возрасен кој го управувал автомобилот.

– Возачот на автомобилот, момче (12) и девојка (14) загинаа, додека нивниот татко М.Д.(38) е тешко повреден – вели изворот.

Поради тешката сообраќајна несреќа, железничкиот сообраќај во моментов е во прекин на оваа делница, а на лице место е и обвинителот на Основното јавно обвинителство Лазаревац.