Две девојчиња на возраст од 16 и 17 години рано утринава биле удрени од возило на пешачки премин на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип, одејќи кон Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“, информира МИА.
Според првичните информации, двете девојчиња со возило на Брзата помош биле пренеси во штипската Клиничка болница, од каде што во текот на денот се очекуваат подетални информации за нивната здравствена состојба.
Од СВР-Штип соопштиле дека едно од девојчињата се здобило со тешки телесни повреди и скршеница на карлицата.
Возилото марка „цитроен“ со германски регистарски таблички било управувано од 28-годишен штипјанец
Инаку, според штипјани, со години наназад овој булевар токму во делот пред средното училиште бил ризична сообраќајна точка.
Таму постојано се случувале несреќи во кои страдале ученици и пешаци.
По смртен случај на еден средношколец, за поголема безбедност на пешаците, Општината изградила кружен тек и поставила нов пешачки премин и сигнализација бидејќи претходно возачите своите возила ги управувале со голема брзина.
Повеќе детали околу оваа несреќа во текот на денот најавуваат од СВР-Штип и Клиничка болница-Штип.