Две години по терористичкиот напад во јужен Израел, укината вонредната состојба во регионот

За првпат од терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година, министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, одлучи да ја укине вонредната состојба прогласена во јужен Израел.

За првпат од терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година, министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, одлучи да ја укине вонредната состојба прогласена во јужен Израел.

„Специјалната ситуација“ и овозможуваше на Командата на домашниот фронт на војската да ограничува собирити да затвори одредени области. Таа беше прогласена утрото на 7 октомври низ целата земја, но оттогаш остана во сила само на југот.

Наредбата истекува утре, и за првпат по повеќе од две години, во Израел нема да има активна „специјална ситуација“, пренесе Тајмс оф Израел.

– Одлучив да ја прифатам препораката на ИДФ (Израелските одбранбени сили) и да ја укинам, за првпат по 7 октомври, специјалната ситуација во домашниот фронт, рече Кац.

Тој нагласи дека „одлуката ја одразува новата безбедносна реалност на југот на земјата, која е постигната благодарение на одлучните и моќни акции во изминатите две години на израелските херојски војници против терористичката организација Хамас“.