Двегодишно дете во САД ја уби бремената мајка

Бремена 31-годишна жена починала откако била застрелана во грбот од нејзиниот двегодишен син во американската сојузна држава Охајо, соопшти полицијата. Лаура Илг, која била бремена во 34 недела, се јавила на 911 минатиот петок за да пријави дека нејзиното дете ја повредило откако и го пронашло пиштолот.

Нејзиниот сопруг потврдил дека му се јавила и сопругата, која врескала и му кажувала да повика полиција. Полицијата објави повик во кој се слуша како Илг избезумено моли за помош.

„Лаура е пренесена во медицинскиот центар „Фишер Титус“, каде што е извршен итен царски рез“, додаваат тие. Властите објавија дека нејзиниот нероден син починал помалку од еден час по повикот, а мајката починала подоцна.

Полицајците го пронашле пиштолот, заедно со чаурата. Во куќата биле пронајдени и една сачмарка и пиштол „аирсофт“. Сè уште никој не е обвинет за убиството, а полицијата соопшти дека наодите од истрагата ќе бидат проследени до локалното обвинителство.