Двегодишниот Нагип е погребан, адвокатот објасни што се случило ноќта кога детето било погодено во глава

Адвокатот Срџан Амет, правен застапник на семејството на двегодишното дете кое почина во новогодишната ноќ, јавно побара итна, темелна и транспарентна истрага за трагичниот настан, посочувајќи дека околностите под кои настапила смртта сè уште не се разјаснети, а семејството не добило конкретни одговори од надлежните институции.

Според изјавата на Амет, на 31 декември, односно во раните часови на 1 јануари, околу 00:05 часот, семејството Арслани се наоѓало пред својот дом за да го проследи новогодишниот огномет. Домот се наоѓа во импровизирана населба во близина на топланата на БЕГ. Во еден момент, мајката забележала дека двегодишното дете Нагип е неподвижно и не реагира. По обидите на родителите да го разбудат, утврдиле дека детето не дише.

Истовремено, било забележано повредување во пределот на главата, со видливи траги на крварење. Родителите, како што наведува адвокатот, немаат никакви сознанија како и кога настанала повредата, ниту претходно било забележано какво било опасно дејствие или инцидент што би укажувал на ризик по детето.

Тоа било итно пренесено во здравствена установа, каде медицинските лица ја констатирале смртта. Поради нејасните околности и видливата повреда на главата, телото било предадено на Институтот за судска медицина за вршење обдукција.

Денес, двегодишниот Нагип бил погребан. На семејството, според адвокатот, им била доставена единствено потврда дека смртта е резултат на насилна смрт, без дополнителни наоди, образложение или информации за точната причина и начинот на настанување на повредата.