Два шпански клуба подготвуваат понуда за Столе Димитриевски

Фабрицио Романо утринава излезе со информација поврзана со македонскиот голман Столе Димитриевски, кој според него наскоро ќе добие и нов клуб.

Димитриевски блеска на голот на Рајо Валјекано, но нема да го продолжи договорот со овој клуб и ќе прифати нов предизвик, сигурно и со многу подобар финансиски бенефит за себе.

– Имам информација дека Столе Димитриевски веќе е во плановите на Севилја и Вилјареал за следната сезона. Двата клуба имаат одлично мислење за македонскиот голман, – напиша Италијанецот кој редовно објавува информации за нови и потенцијални трансфери.

Димитриевски и во минатото имаше повеќе интересни понуди, но досега и клубот не сакаше да се откаже од неговите услуги, нешто што ќе се промени од перспектива на фактот што неговиот договор истекува ова лето.