Два танкера денеска се судрија во близина на брегот на Сингапур, по што се запалија, соопшти Меѓународната поморска организација, наведувајќи дека се испратени противпожарни екипи.
И двајцата сопственици на танкерите го организираа спасувањето и гаснењето на пожарот, како и последователното влечење на бродот на безбедно. Поморскиот сообраќај не е засегнат, изјави портпаролот на Меѓународната поморска организација, пренесуваат британските медиуми.
Засега не се знае дали имало загадување на водата.