Двајца ранети пред училиште во Атина, напаѓачите се во бегство!

Момче (32) и девојка (20) се повредени во пукотница што се случила синоќа пред училиште во Атина, во една од најфреквентните улици во грчката престолнина.

Престрелката се случила околу 20 часот и 15 минути, на околу 50 метри од метро станицата Панормос, кога непознато лице почнало да пука во момент кога улицата била полна со луѓе.

Младото момче и девојката, кои според првите резултати од истрагата биле случајни минувачи се повредени и итно се пренесени во болница.

Медиумите јавуваат дека нивните животи не се во опасност.

Засега не се знае кој отворил оган, а полицијата активно трага по напаѓачите.