Според првичните информации, вечерва имало пукање во Ургентниот центар во Клиничката болница во Тетово. Двајца се ранети и веднаш се пренесени во операциона сала.
Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот, информираат од МВР.
Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот.