Двајца починати во Кавадарци при пад на кран

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека две лица починаа при пад на кран во Кавадарци.

Информацијата е потврдена и од Основното јавно обвинителство во Кавадарци од каде велат дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда.

На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Смртта на двете лица била констатирана од страна на екипа на Брза помош.