Двајца пилоти заспале на висина од 11.000 метри

Двајца пилоти на патнички авион на Етиопијан ерлајнс заспале среде лет. Сепак успеале да слетаат, а никој од патниците не бил повреден.

Летот бил од Картум до Адис Абеба на 15. овој месец, па пилотите заспале на височина од 11.277 метри.

Кога требало да почнат да се спуштаат до аеродромот, контролата на летот веќе не можела да контактира со нив.

Екипажот се разбудил откако се исклучил автопилотот на авионот и се огласил алармот. Пилотите успеале безбедно да слетаат, а авионот останал на пистата околу два и пол часа пред да полета за следниот лет, пишува Дејли Мејл.