Две лица загинаа, а четворица се повредени во денешната експлозија во продавница за оружје во Тбилиси, објави Министерството за внатрешни работи на Грузија.
Екипи на Брза помош ги префрлиле повредените во различни болници, а на терен се и припадници на полицијата и противпожарната служба.
„Во овој момент се преземаат сите неопходни мерки“, соопштија од Министерството.