Двајца македонски државјани ноќеска биле застрелани во Ханиоти, Халкидики, јавуваат грчките медиуми.
Околу 3:30 часот биле застрелани две лица од Северна Македонија. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра. Еден од двајцата, 39-годишен e мртов, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос, јавуваат медиумите.
Според очевидци, двајца непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмената соба во која престојувале и пукале во нив.