Двајца косовски државјани летале со авионот што падна во Мавровско Езеро

Мал спортски авион денеска околу пладне паднал во водите на Мавровското Езеро, во близина на браната „Белички канал“.

Мал спортски авион денеска околу пладне паднал во водите на Мавровското Езеро, во близина на браната „Белички канал“.

Во леталото се наоѓале двајца државјани на Косово, пилотот Д.М. (64) и патникот Џ.П. (41). За среќа, и двајцата успеале да излезат од авионот по падот и да стигнат до копното.

Тие се здобиле со телесни повреди и веднаш се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување лекарска помош.

„Денеска (12.12.2025) во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро… паднал мал спортски авион. Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани“, информираат од полицијата.