Двајца израелски команданти убиени во Газа

Израелските одбранбени сили соопштија дека уште двајца нивни војници загинале во борбите во Газа.

Со ова вкупниот број на загинати во операциите внатре во појасот достигна 44.

ИДФ ги именуваше војниците како мајор Исахар Натан (28) и штабниот наредник Итај Шохам (21).

ИДФ утринава објави дека ги продолжува копнените операции во северниот дел на Газа, со серија операции на периферијата на бегалскиот камп Ал Шати, кои доведоа до запленување на оружјето за кое се тврдеше дека му припаѓа на Хамас.