Двајца загинати откако автомобил заврши во реката Радика

„Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолкцваген бора” со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото. Увид на лице место е во тек“, велат од МВР за Пресс24.

Две лица се загинати, возачот и сопатникот во автомобилот во денешната сообраќајка која се случи во близина на св.Јован Бигорски. Имено, возачот прво изгубил контролa на возилото, по што возилото заврши во реката Радика, информирааат од МВР за Пресс24.

„Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолкцваген бора” со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото. Увид на лице место е во тек“, велат од МВР за Пресс24.

Дополнително, од АМСМ информираат дека од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на ПМВ од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски.