Во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Радовиш – Штип загинаа двајца возачи, а сопатничка од едното возило е пренесена во штипската болница.
Веста за државната МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица – Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата учествувале автомобили „пасат“ и „опел“.
– На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а сопатничка од патничкото возило „опел” е пренесена во Медицински центар – Штип, изјави Трајанова.
Увид на местото на несреќата врши јавен обвинител, а сообраќајот се пренасочуваше по стариот пат.
Од полицијата повеќе детали за несреќата најавија за утре.