Двајца војници на Националната гарда на САД застрелани во близина на Белата куќа

Двајца припадници на Националната гарда на САД беа застрелани во Вашингтон, соопшти секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, цитирана од CNN.

Двајца припадници на Националната гарда на САД беа застрелани во Вашингтон, соопшти секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем, цитирана од CNN.

Пукањето се случило во центарот на Вашингтон, според извор запознаен со првичните извештаи, како и службено лице за спроведување на законот. Претходно беше објавено дека инцидентот се случил во областа на метро станицата Фарагут, која се наоѓа во близина на Белата куќа.

ВПолицијата објави во X дека местото на инцидентот е обезбедено и еден осомничен е во притвор. На граѓаните им се советува да ја избегнуваат областа.

Националната гарда не одговори веднаш на барањето за коментар. Околностите околу пукањето се нејасни.Претседателот Доналд Трамп е информиран за пукањето, изјави прес-секретарката Каролин Левит.

„Белата куќа е свесна за оваа трагична ситуација и активно ја следи“, рече Левит, додавајќи: „Претседателот е информиран“.

Војници на Националната гарда од неколку држави се наоѓаат во Вашингтон со месеци како дел од мерките на претседателот Трамп против криминалот во главниот град.