Двајцата повредени од железничката несреќа во Нови Сад се свесни, но и натаму во критична состојба
„Што се однесува до другите две лица кои се уште се во Клиничкиот центар во Војводина, се работи за млад човек и уште едно женско лице, се уште се во критична состојба, но се свесни, со нив комуницираат главно психолози кои се достапни и на нивните семејства, со оглед на тоа што секојдневно се со нив“, велат од Клиничкиот центар на Војводина.
Почина еден од тројцата пациенти кои беа хоспитализирани во клиничката болница во Нови Сад, и останаа уште двајца. Нивната состојба и натаму е критична, но се свесни и комуницираат, главно со психолози, јавува Нова.рс
„Што се однесува до другите две лица кои се уште се во Клиничкиот центар во Војводина, се работи за млад човек и уште едно женско лице, се уште се во критична состојба, но се свесни, со нив комуницираат главно психолози кои се достапни и на нивните семејства, со оглед на тоа што секојдневно се со нив“, велат од Клиничкиот центар на Војводина за ТВ Блиц, пренесува Нова.рс.
Вчера почина пациентката која беше во најтешки повреди, и таа беше 15-та жртва од несреќата во Нови Сад која се случи на 1. ноември, кога се сруши настрешницата.