Денеска се одбележуваат 20 години од смртта на поранешниот претседател, Борис Трајковски.
Тој го загуби животот во авионска несреќа, што се случи на денешен ден (26 февруари) во 2004 година, кога патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.
Покрај Трајковски, загинаа и портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.
Претседателот Стево Пендаровски денеска во 12:00 часот ќе положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата.
Вечерва со почеток во 20:30 часот во Национална опера и балет ќе се одржи и комеморативен настан, на кој свое обраќање ќе има претседателот Пендаровски.