„Да подариме насмевка“ – показна вежба на Црвениот крст на Детската клиника во Скопје

Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Град Скопје, денеска, ќе организира показна вежба на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што стои во соопштението на Црвениот крст, настанот ќе се одржи по осми пат под наслов „Да подариме насмевка“, каде членовите на тимот ќе бидат маскирани во костими на омилените суперхерои од цртаните филмови, ќе се спуштаат по јаже од хеликоптер и ќе делат подароци на хоспитализираните деца на клиниката.

Целта на акцијата е, како што наведуваат од Црвениот крст, да се даде поддршка на децата храбро да ги поминуваат деновите на Клиниката и да се справуваат со предизвиците за време на нивниот престој.

Вежбата оваа година се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи и Хеликоптерската единица.