Да бидеме хумани: На малиот Кристијан потребна му е помош за лекување во Турција

Момчето Кристијан Коцев од карбинското село Долни Балван во штипско боледува од ретка генетска болест атаксија-телеангиектазија. За негово лекување во Истанбул во Турција потребни се 50.000 евра.

Неговите родители испраќаат апел до сите хумани луѓе кои се во можност да помогнат со донација на телефонските броеви или трансакциската сметка.

Телефонски броеви:

А1: 143 471
Телеком: 143 130

Трансакциска сметка:

200004087594930, Стопанска банка АД Скопје, Катерина Коцева