Александар Даштевски – претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) предмалку изјави дека на 1.480 гласачки места во 80 општини право на глас имаат вкупно 1.814.317 граѓани.
Вели дека веќе се гласа два и пол часа.
„Пристигнати се податоци за излезност на гласачите од 832 избирачки места од вкупно запишани 402.748 гласачи. На овие избирачки места гласале 15.487 односно 3,85 отсто од гласачите. Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се на обработка“, рече Даштевски.
Вели дека тоа се лица кои не се пронајдени на списокот, а некои посериозни проблеми нема.
Наредната прес – конференција ќе биде во 13.30 часот кога ќе информираат за текот на гласањето и излезноста.