Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека полицијата ќе ги утврдува целите и мотивите на убиецот на полицаецот Небојша Крсмановиќ, Фатон Хајризи, кој вчера беше ликвидиран од припадници на САЈ, како и дека сите негови помагачи ќе бидат уапсени, но и дека ќе биде побарано и од Германија да го уапси братот на Хајризи.
„Кога некој ја напаѓа државата како Фатон Хајризи, тогаш тоа е терористички чин“, изјави Дачиќ за ТВ Прва.
Дачиќ оцени дека Хајризи е опасен криминалец.