Дачиќ: Уапсени шест лица во рамките на меѓународната акција „Вардар“

„На територијата на С. Македонија запленети се меѓу 300.000 и 400.000 фалсификувани евра и пронајдена е машина за печатење фалсификувани пари. Во тек е натамошна акција“, изјави Дачиќ, пренесува Танјуг.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија – Ивица Дачиќ изјави дека полициските службеници на СБПОК, во соработка со полициските службеници од Македонија и Европол, во рамки на големата акција под кодното име „Вардар“, а по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал денеска на територијата на Србија уапси шестмина членови на организирана криминална група поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради извршување кривично дело фалсификување пари.

Според Дачиќ, вкупно шест лица се уапсени во Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица.

При приведувањето на лицето била пронајдена поголема количина фалсификувани пари.

Се вршат претреси на повеќе локации, досега се запленети околу 180.000 фалсификувани евра во апоени од 50, 100 и 200 евра.

Во претходниот период при работата запленети се околу 120.000 фалсификувани евра, што е вкупно околу 300.000 фалсификувани евра.

„На територијата на С. Македонија запленети се меѓу 300.000 и 400.000 фалсификувани евра и пронајдена е машина за печатење фалсификувани пари. Во тек е натамошна акција“, изјави Дачиќ, пренесува Танјуг.

Голема акција на МВР е во тек, најдена е печатница за фалсификувани евра и долари