Дачиќ: Србија има црвени линии кои нема да ги помине

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ денеска изјави дека во наредните денови Србија ќе биде изложена на разни видови на притисоци, но дека Србија има црвени линии што нема да ги помине.

„Тој сигурно нема да остане без поддршката на својата земја. Тие можат да бидат сигурни дека ќе вложиме максимални дипломатски напори, се надевам само дипломатски и политички, да го заштитиме нашиот народ на Косово и Метохија, ако треба и другите“, рече Дачиќ во гостувањето во утринскиот дневник на РТС.

Тој посочи дека црвените линии за Србија се дека не сака нови преговори за Бриселскиот договор и Заедницата на српските општини, ниту Косово во ОН, како и физичкото обезбедување на Србите на Косово и Метохија.

„Кои се нашите црвени линии: Прво, нема преговори за она што веќе го договоривме. Второ, нема признавање на независноста, односно членство на Косово во Обединетите нации. Трето – нема физички напади, односно загрозување на безбедноста на Срби, тоа се нашите црвени линии, подготвени сме за мир, но за тоа е потребна и другата страна“, истакнува Дачиќ.

Тој нагласи и дека премиерот на приштинските приштински институции Аљбин Курти постојано пали, што претставниците на меѓународната заедница го толерираат.

На Западот му е јасно кој може да предизвика нестабилност“, изјави шефот на српската дипломатија.

Тој наведува дека во наредните денови во Србија доаѓаат советникот на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, како и државните министри за Европа на Франција и Велика Британија.

„Додека на 15 декември, барем така најавуваат во Брисел, претставниците на Приштина ќе поднесат барање за членство во Европската унија. Од тој момент ќе започнат разни притисоци врз Србија“, изјави Дачиќ.