Ивица Дачиќ – лидерот на Социјалистичката партија на Србија денеска изјави дека партијата е подготвена да ја продолжи соработката со Српската напредна партија (СНС) на преседателот Александар Вучиќ, како и да разговорите за новата влада на Србија се уште не се започнати.
Дачиќ изјави дека СПС е подготвена да ја продолжат соработката со СНС и дека единственото прашање му е како најдобро може да помогне. Рече дека тоа не е ништо ново и дека (СПС и СНС) имале многу добра соработка во изминатите десет години.
„Тие резултати беа многу добри и логично е, согласно нашите заеднички цели, да ја продолжиме соработката кога е во прашање парламентот и новата влада на Србија“ – рече Дачиќ.
Тој исто така кажа дека тие разговори се уште не се започнати и додаде дека „не е виновен претседателот (на Србија и на СНС Александар) Вучиќ зошто досега не е конституиран новиот српски Парламент, бидејќи изборите во Велики Трновац се повторуваат пет пати“.