Дачиќ: Опозицијата се плаши да го слушне мислењето на народот
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија – Ивица Дачиќ рече дека опозицијата „конечно мора да сфати дека народот бара аргументи, а не само нивно повторување дека Вучиќ треба да си замине, за да бидат на власт“.
Како што истакна министерот, практиката на опозицијата да крева врева и да повикува на немири се всушност само манипулативни постапки на секој што нема ништо паметно да понуди.
„Не сакате референдум, но сакате Вучиќ да си замине? Од што се плашите? Веројатно затоа што Референдумот е најважната институција на директна демократија во која граѓаните директно го изразуваат своето мислење и волја. А кога тие граѓани од избори на избори сè повеќе не ви веруваат, и покажуваат се поголема поддршка за претседателот, тогаш секако дека се плашите да го слушнете нивното мислење. Не само тоа, туку не ви е гајле за нивното мислење. Вас, господа од опозицијата, толку би биле заинтересирани за истиот тој народ и исто толку би ги слушале кога ќе дојдете на власт“, рече Дачиќ.