Министерот за внатрешни работи на Србија – Ивица Дачиќ денеска изјави дека припадниците на специјалните единици немале намера да го убијат вахабистот Сенад Рамовиќ во близина на Нови Пазар, туку дека „законот бил применет“ со тоа што бил ликвидиран откако тој пукал кон полицијата.
Дачиќ за телевизијата Пинк изјави дека „до 100“ членови на вахабистичкото движење во Србија се набљудувани, поради сомневање дека можеби се вмешани во тероризам.
Тој оцени дека Рамовиќ „нанел најголема штета на муслиманите“, како и дека е осомничен дека директно влијаел на радикализацијата на Милош Жујовиќ, кој како Салахудин, кој преминал во ислам, тешко ранил жандарм пред израелската амбасада во Белград на крајот на јули, со самострел.
„Кога некој ќе види Бошњак со брада, излегува дека тој е член на вахабистите или на некоја терористичка организација, а тоа не е точно. Овде зборуваме за до 100 лица кои се следени, за кои постои можност да се вклучат во некаков вид на тероризам“ – рече Дачиќ.