Дачиќ: Бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани е скандалозно

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија – Ивица Дачиќ изјави дека е скандалозно бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Македонија.

„Бегството на терористот и воен злосторник Блерим Рамадани од домашен притвор во Северна Македонија е скандалозно. Станува збор за припадник на терористичката ОВК кој извршил злосторства врз Србите на Косово, а кого Србија го бара за да му суди. Бараме објаснување од државните органи на Северна Македонија како е можно некој кој е уапсен по наша меѓународна потерница да избега од домашен притвор. Или меѓународната правда не важи за албанските терористи и воени злосторници, кога убиваат Срби, се е дозволено и простено“ – рече Дачиќ.