
Даути Комерц: Според втората анализа, водата Ругове ги задоволува критериумите
Реакција на компанијата Даути Комерц на известувањето издадено од АХВ а упатено до сите државни инспектори и официјални ветеринари кои контролираат храна во кое се наредува проверка на пратките на вода од Косово.
Почитувани,
Во врска со објавата дека „по добиен лабораориски наод од факултетот за ветеринарна медицина на Македонија, со лабораториски резултат број 2025/2/113 за пратка природна изворска вода Ругове од 1,5 л во количина од 22,338 кг по потекло од УЈ Ругове Косово наменета за оператор со храна АД Даути комерц Скопје е утврдено присуство на колиформни бактерии што не е во согласност со Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода (Служ.весник бр. 184/2018 ).Лабораторискиот наод е извршен со акредитиран метод ISO/IEC/17025:2018 под број 2025/2/113.Производител УЈ Ругове, Косово.„
-Ве известуваме за следново:
Веднаш по ваквата анализа компанијата Даути Комерц поднел барање до АХВ на 24.02.2025 година да се започне втора анализа и за која микробиолошките резултати добиени на 27.02.2025, од страна на акредитирана лабораторија Фуд Лаб лабораторија за испитување на храна и дијагностика на болести кај животни, врз основа на која е издаден Извештај бр. 038525 од 27.02.2025 година, според кој е анлизирана природна вода Ругове од 1.5 литри , лот LA023/25, со рок на траење до 29.01.2026 година .
Во наведениов извештај наодот е дека испитуваниот примерок ги задоволува критериумите за бараните параметри согласно Правилник за посебните барања за безбедност на природнаминерална вода, изворска и друга пакувана вода(служ.весник бр. 184/2028 година)
Ова го потенцираме особено заради фактот што во ваков случај треба да се направат три испитувања за да се види дали водата е со квалитет во согласнот со Правилник за посебните барања за безбедност на природнаминерална вода, изворска и друга пакувана вода(служ.весник бр. 184/2028 година).
Врз основа на сето горенведено бараме ваквата информација да ја објавите со цел навремено и непристрасно информирање на јавноста и спречување на можност за ширење на дезинвормации и полувистини околу исправноста на предметната вода а сето тоа во насока на тоа да не се предизвика непотребна штета на брендот УЈ Ругове која е во масовна употреба на пазарот во РМ.
Даути Комерц
АХВ: Пронајдени се бактерии кај минерална вода увезена од Косово