Дарко Каевски избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Дарко Каевски – пратеникот од СДСМ е избран за потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„Потпретседателите го менуваат претседателот кога тој не е во можност да заседава со седницата, а по функција се и членови на Бирото на Собранието – тело кое ги координира активностите на Собранието и на комисиите“ – информираат од владејачката партија.

Каевски е и шеф на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание кое деновиве ја одржува редовната зимска сесија.