
Данска планира да купи осум ПВО системи за девет милијарди долари
-Нема сомнение дека безбедносната ситуација е загрозена, им рече Поулсен на новинарите.
Данска планира да купи системи за воздушна одбрана за 9,11 милијарди долари, што е нејзина најголема набавка на оружје досега, изјави денеска данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
Данската премиерка Мете Фредериксен во февруари ѝ нареди на војската да „купува, купува, купува“ како подготовка за потенцијална идна руска агресија во Европа.
-Нема сомнение дека безбедносната ситуација е загрозена, им рече Поулсен на новинарите.
Данска планира да набави осум системи, вклучувајќи ги и оние со долг дострел од француско-италијанската платформа SAMP/T, заедно со системи со среден дострел произведени од Норвешка, Германија и Франција.