Данската разузнавачка служба за првпат ги означи САД како безбедносен ризик

Данската воено-разузнавачка служба (DDIS) денеска за прв пат ги опиша Соединетите Американски Држави како потенцијален безбедносен ризик, укажувајќи на промена во перцепцијата на близок сојузник поради растечките геополитички тензии околу Гренланд, додавајќи дека целокупното опкружување на Данска „сериозно се влошило“.

Во годишната проценка на заканите за 2025 година, објавена денеска, DDIS наведува дека Вашингтон сè поотворено ги става сопствените интереси во прв план и „ја користи својата економска и технолошка моќ како средство за притисок, вклучувајќи и кон сојузниците“.

Посебно е истакнато дека САД покажуваат сè поголем интерес за Гренланд, територија во состав на Кралството Данска, поради засилената конкуренција на големите сили на Арктикот