Даночната реформа ќе удри по сивата економија, тврди министерот Бесими
Еден од таргетите на даночните реформи кои ги подготвува министерството за финансии ќе биде борбата против сивата економија и тоа ќе се спроведе преку стимулации, превентивни мерки за премин кон формални производи и услуги и зајакнување на инспекциите и надзорот. Ова е ставот на министерот за финансии фатмир Бесими кој го соопшти преку неговата редовна неделна колумна.
Доколку се намали и се ограничи сивата економија, ќе има повеќе средства во Буџетот со штои ќе има можност за подобра инфраструктура, подобра задравствеа и социјална заштита, како и рамноправен натпревар кај бизнисите, смета Бесими.
За разлика од Бесими, бизнис секторот е дециден дека е погрешен тајмингот за воведување на даночни реформи и проширување на даноната основа и бараат директни мерки за сузбивање на сивата економија која според неофицијалните проценки тежи една третина од вкупно собраниот годишен данок во Македонија.
Засега е потврдено дека со даночќните реофрми кои се во подготовска ќе се предложи оданочување орочените депозити, оданочување на хонорарите и договорите за вработување на определено време кои би имале ист третман како платата и би се товареле и со социјални придонеси, нешто што наиде на остри критики во јавноста кога беше најавено па повлечено. Со новите измени се предвидува во делот за реинвестиции на добивката данокот да се укине само кога станува збор за реинвестиција во секторите зелена транзиција, дигитализација или енергетска ефикасност. За прогресивниот данок и неговото воведување од 1 јануари идната година прашањето останува отворено.
Проценките на Владата се дека со реформите ќе се соберат дополнителни 54 милиони евра во Буџетот
Во рамките на јавната дебата за даночните реофрми денеска во министерството за финансии имаше состанок меѓу надлежните и претставници на невладиниот сектор, консултантски и ревизорски друштва и организации.