Данецот Матијас Гидсел – МВП и најдобар стрелец на ракометниот Мундијал

Данска е светски шампион во ракомет. Синоќа третпат по ред се закитија со најсјајното одличје совладувајќи ја Франција (34:29). По финалето беа доделени и индивидуални награди на играчите.

Десниот бек на данската репрезентација Матијас Гидсел е најдобар играч на првенството, а воедно е и најдобар стрелец.
На ова светско првенство 60 пати ги тресеше мрежите на своите ривали!

Меѓународната ракометна федерација го избра идеалниот состав за првенството. Го сочинуваат левиот бек Симон Питлик, левото крило Анхел Фернандез, централниот бек Недим Ремили, пивотменот Лудовик Фабрегас, десниот бек Алекс Душебаев, десното крило Никлас Екберг и Андреас Волф на голот.

За најдобар млад играч на првенството е избран Јури Нор, од германската репрезентација.