
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска објави пост на Фејсбук во кој најави дека од понеделник ќе објавува скандали со непостапување на државните органи.
„Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно СИТЕ ОД НАША СТРАНА констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои сеуште никој не постапува од надлежните институции.
Во градот Скопје во три (3) години спречивме над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби. Спречивме градење на асфалтни бази во населени места, поднесовме кривични пријави за УСЈЕ и други големи загадувачи за кои сите останати молчат, а ние трпиме секојдневни закани. Отстранивме тендераши, фирми кои работеле во интерес на партии и расчистивме со корупцијата.За да нема простор за “филозофирање” и “празна реторика”, ќе покажеме дека ГРАДОТ ПОСТАПУВАЛ ВЕДНАШ, а некој друг си тера КАКО И ДО СЕГА!!!“- напиша Арсовска.