
Градоначалничката на Скопје утрово преку Фејсбук го охрабри премиерот Христијан Мицкоски и да биде како Еди Рама од Албанија и да почне да ги урива дивоградбите во Чаир.
Таа открива дека два месеца молчела оти тој, наводно со Муцунски одел кај амбасадорите и двајцата „плачеле“ дека Арсовска со објавувањето на криминалот со дивоградбите во Чаир им ја урива коалицијата со ВЛЕН. Што напиша Арсовска:
„Добро утро господине Мицкоски,
Проблемот со ѓубрето е апсолвирана тема, здружено со ТВОИТЕ кадри ВИЕ го креирате и континуирано правите хаос, кој бидејќи сте ‘способни’ ќе го ‘решите’ за 72 часа. Да заклучиме штом се средува за 72 часа ептен било лесно да се реши, не знам што чекавте до сега, многу пати те повикав во интерес на граѓаните да соработуваш.
Ајде да се вратиме на проблемот поради кој го правиш овој хаос со ‘ѓубрето’, затоа што ми досади од твоите нарачки и напади со маслинка медиумите и ботовите.
Со месеци заедно со твоето дипломатче чудо од дете плачевте по целиот дипломатски кор, дека си имал проблем со коалицискиот партнер за локални избори поради Чаир.
Демек, јас жена сама многу проблеми ви правам. Еве бевте два месеци раат од мене за да не ми се јавуваат пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир.
Сега кога коалицискиот ти победи во Чаир, ај да почнеш да бидеш и ти лидер ко Еди Рама и да срушиш сѐ што не е безбедно за скопјани. Или на овој Изет уште не смееш да му писнеш?
Ајде ајде, финансова полиција и МВР по твоја нарачка експресно упаѓаат по институции два дена откако ќе пријави твој партиски другар. Значи, се можело.
А јас повеќе од шест месеци пријавувам и чекам во Чаир со тебе и твоиве институции заедно да одиме да ти го покажам лично криминалот“.