Данела Арсовска ќе формира партија

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска официјално ќе формира политичка партија, пренесе „Фокус“.

Таа веќе почнала со собирање на потписи за формирање на партија.

Според пристапницата со која располага порталот, партијата ќе го носела името „Правда“, а седиштето на партијата ќе биде на ул. Ѓорче Петров бр.49, адреса која според податоците на бизнис мрежата е лоцирана каде што се наоѓаат фирмите на нејзиниот најблизок соработник во сенка Драган Митковски.