Данела Арсовска утре ќе промовира партија – Нова алтернатива

На четири месеци пред изборите градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излегува на политичката сцена со своја партија. Промоцијата на партијата, која ќе се вика Нова алтернатива, ќе биде на 17 јануари, среда, во 18 часот. Поканата за овој настан е испратена до медиумите.

Претседател на новата партија ќе биде самата Данела Арсовска. Нејзиното формирање таа го најави неодамна во интервју за ТВ 21.

Доколку Арсовска ги собере потписите за регистрирање на партијата и влезе во трката тоа дополнително ќе ја згусне изборната битка во Првата и Втората изборна единица, каде припаѓа Градот Скопје.

Според последната анкета на ИРИ од април-мај минатата година на прашањето „Дали Данела Арсовска добро ја врши работата за да добие уште еден мандат“ – потврдно одговориле завидни 29 отсто од анкетираните, додека за друг кандидат се изјасниле 53 проценти.

Кои личности ќе бидат дел од новата политичка формација останува да видиме.