Градоначалничката Данела Арсовска не се појави на вонредната седница на Советот на Град Скопје за несобирањето на ѓубрето.
По барање на советничката група на СДСМ, оваа седница беше закажана во понеделникот.
Претседателот на Советот Трајко Славески рече дека не добил известување дека Арсовска нема да дојде.
„Седницата ја закажав во понеделникот, Арсовска во вторникот ми прати допис во кој се вели дека ѓубрето се собира и дека е нормализирана е состојбата во ‘Комунална хигиена’. Во дописот не се прецизира дека нема да присуствува на седницата“, рече Славески.