Данас: Сменет директорот на Ургентен центар на Војводина поради поддршка за студентите во блокада

Неговата сопруга, Маријана Баста Николиќ, која исто така работи како доктор во КЦВ, и е професор на Медицинскиот факултет во Нови Сад, исто така е преместена.

Директорот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Драган Николиќ, е разрешен од таа функција како и неговата сопруга која исто така работи во тој центар, поради поддршка на студентите во блокада, објави „Данас“.

Според медиумот, Николиќ, професор и вработен како хирург во Клиниката за васкуларна и ендоваскуларна хирургија, е преместен на друго работно место. Неговата сопруга, Маријана Баста Николиќ, која исто така работи како доктор во КЦВ,  и е професор на Медицинскиот факултет во Нови Сад,  исто така е преместена.

„Лекарите кои ги поддржуваат студентите се под притисок и ова е само резултат на тоа. Веројатно не го замениле веднаш поради повредени пациенти откако паднала настрешницата, за да не се прави тензии. Сега процениле дека е погодно време за такво нешто“, изјавил еден од вработените во КЦВ за Данас.

За Маријана Басти Николиќ, како што велат извори за весникот, администрацијата на КЦВ го запрела проектот со средства од Европската унија, кои биле оценети со максимум 100 поени и требало да се донесе уште еден мамограм во КЦВ, за да не работат само на еден.

Како раководител, тој го поминал веројатно најтешкиот период во историјата на Ургентниот центар во мирни услови, на денот кога паднала настрешницата. Токму тој ја оперирал Теодора Мартинко, која ја преживеала таа несреќа и полека се опоравува.