
Не е реформа само да се донесат закони, да се сменат судии или да се проверува нивната работа и имот, реформа е кога ќе имаме судии со интегритет и кога македонскиот правосуден систем ќе испорача ефикасна и ефективна правда еднаква за сите.
Ова го порача Весна Дамева, зборувајќи на првиот Панел на денешната конференција „Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.
– Граѓаните треба да го почувствуваат Судскиот совет како близок орган на кој може да пријават и кажат одредени проблеми во судството и затоа сметам дека во наредниот период ќе мора да ја доближи работата до јавноста, изјави Дамева.
Таа посочи дека приоритети ќе биде што побрзо да заврши процесот со оценувањето на судиите и да биде извршен избор на судии, со оглед дека состојбата во судовите во изминатиот период во однос на кадар е повеќе од загрижувачка
– Верувам дека ќе успееме час поскоро да избереме судии и претседатели на Судови кои постигнале најдобри резултати, совесни, со интегритет, кои одговорно и чесно си ја работат својата работа, изјави Дамева.
Во однос на скринингот во Брисел, Дамева рече дека генерално забелешки по работата на Судскиот совет немало, но имало интерес и барања за статистички податоци за поведени постапки и дисциплински мерки.