Претседателката на Судскиот совет нагласува дека се подготвени да понудат законски решенија за владината идеја за распуштање на Судскиот совет, но го повтори ставот дека судската власт е посебна власт од извршната.
Дамева, пред новинарите, зборуваше и за прашањето за извештајот на Комисијата формирана од Советот, за бегството на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани.
Комисијата треба да докаже дали има одговорност судијата Пајазит Пајазити, кој мерката ефективен притвор на Рамадани ја замени со домашен притвор.
Дамева, потенцира дека наскоро извештајот ќе биде готов и ќе биде разгледан на седницата на Советот.